Бесими ќе собира 54 милиони евра, ќе се оданочуваат реинвестираните добивки и каматите од штедните влогови
Објавено во: Финансии 08 Август, 2022 13:42
Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот брифинг ги презентираше даночните реформи преку кои треба да се соберат 54 милиони евра, а да стапат на сила од 1 јануари 2023.
Ќе се воведе данок за реинвестирана добивка кај компаниите која досега не се оданочуваше. Нема повеќе да има поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд.
Ќе се намали основата за даночни олеснувања за вложување во спортот. Ќе се укинат и преференциите кај премиите за животно осигурување.
Ќе се оданочува и капиталната добивка од продажба на акции како и каматите од орочените депозити во банките. Ќе се оданочуваат и менаџерските немонетарни бенефити.
За социјалните придонеси ќе се укине највисоката месечна пресметка. Ќе се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување за договори за дело.
Бесими најави новини и кај ДДВ и додаде дека за ставките од реформите попрецизно ќе се дебатира во следниот период.
- Кај некои даноци не може да има олеснувања до бесконечност, туку само времено., рече министерот.
Тој додаде дека собраните приходи ќе се искористат за инвестиции во здравството, енергетските капацитети, патната и железничката инфраструктура.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




