Бесими: Платите на вработените во јавниот сектор ќе растат системски, преку утврдена методологија за диманика на раст
Објавено во: Финансии 15 Мај, 2023
Платите на вработените во јавниот сектор ќе се дефинираат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции иOпштиот колективен договор кој ќе ја содржи методологијата за системско решавање на динамиката на раст на платите на вработените во јавниот сектор.
Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите на која потенцира дека донесувањето на Законот за плати е подолгатрен процес, но дека процес кој е на повидок за да се заокружи е донесувањето на Општиот колективен договор кој ја содржи методологијата за раст на платите на вработените во јавниот сектор.
„Оптшиот колективен договор е прашање за кое се разговара во рамки на Економско-социјалниот совет. Минатата недела имавме состанок и оптимист сум во однос на изноѓање решение. Имаше два предлога, основицата да биде минималната плата или просечната плата. И двата се прифатливи за нас. Тоа е голема реформа, која не се одвива во една година и треба да има транзициски период“, истакна министерот Бесими.
Министерот потенцира дека кое и да се прифати решението треба да биде одржливо, да обезбеди достојни и пристојни плати за вработените и да се штити животниот стандард и инфлаторните движења. Како што се воспостави системи со минимaлната плата и пензиите, така и кај платите на вработените во јавниот сектор ќе се воспостави систем во кој растот на платите ќе ги земе предвид трошоците на живот и перформансот на економијата, односно просечната плата.
„Во изминатите години има раст на платите во повеќе сектори во јавниот сектор и со системското решение ќе продолжи тој раст на платите“, рече министерот за финансии кој додаде дека решението за раст на платите треба да се применува од наредната година, бидејќи сите реформи што се спроведуваат треба да бидат предвидени во среднорочната рамка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.