БЕСИМИ СТАВИ КРАЈ НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА КУРСОТ: Денарот е стабилен, ќе го штитиме по секоја цена
Објавено во: Финансии 15 Декември, 2021 13:24
Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот.
Оваа порака денеска до јавноста ја испрати министерот за финансии Фатмир Бесими, по шпекулациите кои се појавија во јавноста за курсот на домашната валута.
„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми“, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање.
Инфлацијата, рече министерот, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




