19 Декември, 2025
0.0413

БЕСНЕАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Сите необучени кои ќе се вклучат во битката со огнот, треба да ги почитуваат овие правила...

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 08:02

Добивај вести на Viber

Во гаснењето на пожарите во Македонија, деновиве се вклучи и месното население, но доколку овие луѓе немаат поминато никаква обука, потребно е да почитуваат одредени правила за да се заштитат. Во битката со огнот не треба да се вклучуваат лица кои веќе имаат одредени здравствени проблеми. Сите кои ќе гаснат пожар, не треба премногу да се доближуваат до жариштето и треба да внимаваат огнот да не ги опколи.

„Кога се чувствувате загрозен, кога локалното население се вклучува во гаснењето на пожарите, се вклучуваат затоа што се загрозени нивните имоти и преземаат активности кои се добредојдени. Никако не смеат да реагираат кога пожарот е со значаен интензитет, кога има зафатено високостеблеста шума, затоа што самите огнени јазици можат да бидат доволно силни и можат да го загрозат секој човечки живот. Приближувањето на поголемите огнови не е препорачливо. Ако во околината горат хемиски материјали, нив ги има и во мебел, самиот сунѓер, стиропор, кога горат испуштаат чад кој содржи хемиски супстанции кои се загрозувачки. Секое постапување при гаснење на пожар е добредојдено, но со доза на голема претпазливост. Никако не смее да има длабоко влегување во опожарената зона. Тоа може да значи заобиколување и лицето да остане во пожарот, да се случи несвестица, а може да дојде и до смртни последици“, вели Зоран Кочоски, претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија.

Препорачливо е луѓето да ги гасат пожарите во групи. Добро е да носат маски, ако се приближуваат до голем пожар.

„Ако имаме поголем пожар, чадот доаѓа кон нас, мора да бидеме внимателни, еден добар дел од тоа што гори завршува во нашите дишни патишта. Ако некој бил подолго изложен на чад, треба да направи испитувања. Во секој случај не се препорачува во гаснење да учествуваат лица кои имаат белодробни заболувања, дијабетес и висок крвен притисок. Посебно внимание да се обрне, затоа што кога гори огнот се појавуваат животни, змии, може да настанат и несакани последици кога некој бега, може и животното да се почувствува загрозено и да нападне“, додава Кочоски.

Во Ѓорче Петров пред неколку дена загина постар маж во пожар, а завчера и во Општина Крива Паланка настрада маж. Пожари имаше во повеќе региони. Во Дојран јужниот сосед помогна  за гасење на огнот. Власта тврди дека има докази дека дел од овие пожари се подметнати, а полицијата уапси неколку луѓе, меѓу кои се и три малолетни лица кои се странски државјани. 

Сања Атанасовска

фото ДЗС

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот