22 Ноември, 2024
0.0273

БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: Дали ова може да помогне за почист воздух ширум Македонија?

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека Куманово има почист воздух во однос на другите големи градови во државата. Во овој град функционира бесплатен јавен превоз.

На мапата, градот е обоен во зелена или жолта боја, што укажува на ниско или средно загаден воздух. За споредба, оваа зима Струмица на мапата често е во виолетова боја, односно има многу високо загаден воздух.  Но, дискутабилно е дали моделот со бесплатен јавен превоз може да помогне за почист воздух во повеќе општини, дали локалните самоуправи би можеле да си дозволат таква мерка.  Од О2 Иницијатива велат дека во однос на Куманово, за да се заклучи дали намаленото загадување во одреден дел на денот се должи на бесплатниот јавен превоз, потребна е детална анализа, како споредување на временските услови, температура, магла, температурна инверзија, брзина на ветер и правец, влажност, врнежи на дожд, снег и слично.

„Потоа да се види дали некои објекти кои се загревале претходно на мазут, нафта, јаглен, дрва, го промениле начинот на загревање (знаеме дека општата болница во Куманово од оваа година се грее на гас), дали некоја индустрија не работи повеќе, дали се поставени филтри и слично. Особено во близина на мерната станица. Во зимските месеци, кога загадувањето на воздухот е најголемо, главниот извор на загадување не е сообраќајот, туку начинот на греење (мазут, нафта, јаглен, дрва). Воведување на бесплатен јавен превоз нема да го даде посакуваниот ефект, а ќе предизвика големо пренасочување на финансиите за таа цел, кои е подобро да се искористат за намалување на изворите на емисии на загадувачки супстанции во воздухот. Ефектот од бесплатниот јавен превоз нема да се постигне не само поради тоа што не е главен извор на загадувањето на воздухот, туку и поради тоа што тие кои користат возила, во најголема мера продолжуваат да ги користат, зошто најчесто јавниот превоз кај нас значи долго чекање, гужви во автобусите и долго патување. Воведување на ефикасен, брз и еколошки јавен превоз кој ќе ги задоволи капацитетите на градот е неопходно за да се намали користењето на автомобили, а со тоа и загадувањето“, вели Татјана Чакулев од О2 Иницијатива.

Од Општина Куманово велат дека ефекти има и дека се движат во позитивна насока во однос на квалитетот на воздухот. Оттаму додаваат дека се вклучени во проект со УНДП,  Министерството за животна средина, финансиран од шведската амбасада кој се вика „справување со загадување на воздух“.

„Вклучени се пет општини во проектот. На основа на научни сознанија и мерења што ќе ги направи лабораторија Амбикон од Универзитетот „Гоце Делчев“, според стандарди на СЗО, се прават мерења во тек на една година и врз основа на тие научни сознанија ќе се направи мониторинг и ќе се предложат мерки“, вели Александра Георгиевска Протиќ, советник во одделение за заштита на животна средина и природа при Општина Куманово.

На граѓански форум, граѓаните ќе изберат предложени мерки на основа на научни сознанија. Општина Куманово годинава има финансирано 90 домаќинства да се приклучат на гасификациона мрежа. И натаму ќе продолжат со истото.

Скопје деновиве беше во 10-та најзагадени градови во светот на листата на air visual. Од Град Скопје кажаа дека се крева паника и дека Скопје не е најзагаден град во Македонија, а не пак во светот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска