19 Декември, 2025
0.0632

БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП НА ШЕСТ ПУНКТА ВО СКОПЈЕ: Ранливите категории да се заштитат од сезонската вирусна инфекција

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020 07:28

Добивај вести на Viber

Од денеска на шест пункта при Здравствениот дом-Скопје започнува вакцинацијата против сезонскиот грип. На овие пунктови имунизацијата е бесплатна за сите граѓани кои страдаат од хронични заболувања, за повозрасната популација над 65 години, за децата до 5 години, за трудниците, како и за здравствените работници, кои исто така се изложени на голем ризик.

Директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски вели дека ова се само првите неколку илјади дози, и очекуваат, во однос на тоа како ги трошат, да добиваат на неколку пати, со цел да бидат вакцинирани што поголем број граѓани.

-Оваа година забележувам огромен интерес за вакцинацијата против сезонскиот грип. Во комуникација со граѓаните сме постојано и очекувам дека на сите пунктови, односно во поликлиниките Јане Сандански, Букурешт, Ѓорче Петров, Чаир, Ченто и Бит Пазар имунизацијата ќе тече непречено. Сите ранливи категории, оние ризични групи кои постојано ги споменуваме, вакцинација против сезонски грип ќе може да си закажат преку системот МојТермин, односно преку нивните матични лекари. Неколку пати веќе кажавме, како и во изминатите години, оваа вакцина против сезонскиот грип е бесплатна за луѓето кај кои постои многу висок ризик од инфекција, зараза со вирусот. Во центрите за јавно здравје, пак, ќе може да се вакцинираат сите останати граѓани кои на своја иницијатива ќе сакаат да се заштитат од сезонскиот грип, а цената веќе беше објавена во јавноста. Ќе чини 800 денари, вели д-р. Исјановски.

Истовремено тој појасни и дека од вчера непречено се врши тестирањето со брзите тестови за ковид и тоа на 6 пункта во Скопје, односно во поликлиниките Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан.

-Би сакал посебно да потенцирам, а сметам дека е навистина важна информација, а тоа е дека брзите тестови кои детектираат Ковид-19 не важат за патување. Значи ако некој треба да патува, да излезе од границите на Македонија, исклучиво треба да направи ПЦР-тест, резултатите од брзите тестови и да се негативни, не се важечки ако се патува надвор од змјава. Инаку, и до сега соопштувавме дека брзите тестови се бесплатни за граѓаните и ним им ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на КОВИД 19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест, вели д-р. Исјановски.

Директорот на Здравствен дом-Скопје потенцира дека само во текот на вчерашниот ден на сите шест пункта во Скопје се направени околу 250 брзи теста, и истакнува дека на сите овие пунктови, дистрибуцијата на брзи тестови ќе се прави навремено. Вели и дека на овој начин се зголемува  капацитететот за тестирање на што поголем број граѓани, а целта е навремено да бидат регистрирани позитивните случаи.

-Ако навреме бидат регистрирани и секако веднаш останат во изолација се намалува и ризикот на трансмисија на корона вирусот, кој во моментов според епидемиолошката состојба забележуваме дека е насекаде распространет и има поголема вирулентност, посочува д-р. Исјановски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот