Без надзор СЈО нема пристап во системите на УБК
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2016
Управата за безбедност и контраразузнавање донесе одлука да им забрани пристап на обвинителите и истражителите на СЈО се додека овластено лице не изврши надзор врз системите за следење на комуникациите. Судската наредба ќе се изврши откако ќе биде обезбедена контрола од надворешен експерт.
- Со овој допис бевме известени дека Управата како институција овозможува гаранција дека опремата и системите кои се предмет на наредбата во целост се обезбедени согласно прописите за класифицирани информации и дека барањето не е прифатено и поради почитување на принципите на тајност на функционирање на Управата, вклучувајќи ја и конспиративноста на идентитетот на припадниците на Управата, се вели во соопштението на СЈО.
Од таму појаснуваат дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.