БЕЗ НИКАКВИ КОМОРБИДИТЕТИ, ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНА МЛАДО МОМЧЕ: 21-годишниот пациент бил примен во многу тешка состојба
Објавено во: Македонија 25 Август, 2021 12:24
Утринава во Клиничката
болница Тетово, од компликации на корона вирусоот почина млад пациент,
информира за Фактор, координаторот на Ковид-центарот, д-р Гзим Нуредини. Вели дека 21-годишното момче нема историја на
коморбидитети.
-Во моментов на болничко лекување во тетовскиот Ковид-центар се згрижени 123 пациенти, од кои 8 се вакцинирани само со една доза, а 7 пациенти имаат примено две дози од вакцината против Ковид-19. И последното деноноќие беше навистина тешко. Примивме 17 нови пациенти, сите се со коморбидитети, невакцинирани против корона вирусот. Амбулантски се прегледани 188 пациенти, но најповеќе загрижува фактот што во изминатите 24 часа ни починаа 6 пациенти, меѓу кои и едно 21-годишно дете, младо момче. Беше донесено во многу тешка состојба. Целиот лекарски тим беше ангажиран околу него. Бевме во постојана комуникација со колегите од Инфективната клиника во Скопје. Момчето беше постојано на кислородна поддршка,а последните два дена беше ставени и на неинвазивна вентилација, но за жал почина. Официјално, од неговата здравствена историја, нема никакви коморбидитети. Сите починати не се вакцинирани, вели за Фактор, д-р Нуредини.
Тој осоебено потенцира дека пгромен број млади лица кашлаат, киваат, но во ниту еден момент не смеат да мислат дека тоа е поради престој во климатизирани простории.
-Смртта на младото момче укажува дека навистина треба да се внимава. Голем дел лесно може да ја поминат болеста, но голем дел може да развијат многу брзо тешки форми на болеста. Токму младите ќе бидат жртви во наредниот период.Изгледа како ништо да не е послушано што досега соопштувавме и соопштуваме преку медиумите, нагласува д-р Ниредини.
За актуелната состојба во Тетово по разгорувањето на епидемијата на корона вирусот, д-р Нуредини секојдневно информира и дава детални податоци на прес конференции.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




