19 Декември, 2025
0.0504

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 10:09

Добивај вести на Viber

После вчерашната експликација за одговорноста на Градоначалникот на Кочани, денес продолжуваме со правни аргументи зошто и МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, на чело со министерот, сноси одговорност за ситуацијата со дискошталата...

Со овие зборови денеска го почна својот пост пратеникот и професор Димитар Апасиев, пренесувајќи дел од законите на социјалните мрежи и укажувајќи дека и министерот за внатрешни сноси одговорност. 

Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот за угостителска дејност (Сл. весник на РМ бр. 62/2004), кој досега е менуван дури 15 пати, МВР дава СОГЛАСНОСТ за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир + за безбедност во сообраќајот [паркинг и сл.].

Но, покрај оваа изрична ЗАКОНСКА НАДЛЕЖНОСТ, Министерството со кое раководи Панче Тошковски - во јавноста попознат и како „адвокатот на урбаната мафија“ - има и дополнителни ингеренции за дискотеки и кабариња - и тоа:

- проверка на работно време;

- проверка на пиротехнички средства;

- проверка на гласност и бучава;

- проверка на присуство на малолетници (и точење алкохол);

- проверка на наркотични супстанци и др.

Така да, министре - и да не сте директно кабает со непосредна вина, во крајна линија имате ПОЛИТИЧКА и ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ за овој случај, затоа што вие сте министер од јануари 2024, а фалц-лиценцата е обновена во март 2024 - што значи токму во времето на Вашето министерување!

Оттука, мислам дека смената на командирите и началниците на СВР и ОВР не е доволна и е жртвување пион за кралица. Потребно е да покажете доблест и да си поднесете ОСТАВКА од морални причини - напиша Апасиев на Фејсбук. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот