„Би-Би-Си“ ја губи информационата војна со „Раша Тудеј“ ?
Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2014 21:35
Светскиот сервис „Би-Би-Си“ (BBC) стравува од пораз во унформационата војна од руската ТВ станица „Раша Тудеј“ бидејќи оваа куќа има планови за проширување , пренесува денеска британски „Гардијан“.
Досегашниот директор на Светскиот сервис „Би-Би-Си“ Питер Хорокс смета дека светските сервиси на таа медиумска куќа финансиски ја „надминале“ руските и кинеските државни информациони канали.
-Русија и Кина нас финансиски не поминаа, но не можат тоа никако да го направат со резултатите кои ги имаме кај публиката во цел свет - рекол тој во изјава за „Гардијан“.
Не треба да бидеме ни на една ни на друга страна, но мора да обезбедиме програм на кој луѓето мора да му веруваат - рекол Хорокс, кој во почетокот на месецот се повлекол од позицијата главен човек за емитување на информативниот програм „Би-Би-Си“ во светот.
Хоркс вели дека министрите во „Даунинг стрит 10“ треба да го разгледаат трошењето на оарите во странство и издвојување повеќе пари за Светскиот сервис во цел јакнеење на борбата против „пропагандите на Москва кои се шират низ Европа“.
- Може да погледнете на целокупните национални интереси и парите кои ги трошиме за влијанието во светот, како трошење во воени цели. Кога го погледнете тоа, ќе донесете вистинска одлука, наведува тој.
ЗАГРИЖЕНОСТ ОД ПОРАЗ ВО ГЛОБАЛНАТА ИНФОРМАЦИОНА ВОЈНА
Оваа изјава дошла во моментот на зголемена загриженост дека Британија и САД ја губат информационата војна со Кремљ, наведува „Гардијан“.
Алармот во меѓународната заедница се „запалил“ поради ширењето на медиумите кои ги финансира Москва, а предводените ТВ станици „Раша тудеј“ веднаш после воената интервенција на Русија во Украина, наведува „Гардијан“.
Британскиот премиер Дејвид Камерон рекол дека со американскиот претседател Барак Обама изразил загриженост поради руските ТВ канали кои „емитуваат искривена слика“ за настаните во Украина.
Веникот наведува дека Камерон за тоа ги известил британските пратеници бидејќи за тоа прашање станало збор и на минатомесечниот самит на 20 најразвиени држави во светот Г20 во Австралија.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




