12 Декември, 2024
0.0289

„Би било опасно и штетно да одиме кон целосно забранување “: Андоновски за проблемите од предизвикот на ТикТок

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата не планира да ја ограничи употребата на ТикТок откако беа повредени деца во предизвикот „Супермен“. Вели дека внимателно ја следат ситуацијата. 

- Таму нивото на безбедност и заштита е пониско од останатите мрежи и затоа може да се споделуваат видеа што повикуваат на насилство, омраза, булинг... Внимателно следиме и ќе се однесуваме онака како што ќе се однесуваат државите од ЕУ. Гледам дека има некои тенденции во Шведска. Ги следиме внимателно за да не направиме нешто што е чекор во насока спротивна од демократијата, но секако во насока на заштита на младите - посочи Андоновски.

Според него, фокусот не треба да биде на забраната на апликации, туку на едукација на децата и родителите. Најави дека ќе се формира Центар за побезбеден интернет за деца, кој ќе биде развиен со поддршка од невладиниот сектор и универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“. 

- Токму заради ова прашање го формираме Центарот за побезбеден интернет за деца. Следната година со физибилити студија ќе го развиеме, а со поддршка од невладиниот сектор, но и од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе изработиме платформа, на која што ќе може да се пријавуваат вакви проблеми или случаи и на која ќе можат да се даваат ресурси на оние кои се сметаат дека се жртва на напад, булинг на интернет, да можат да се справуваат со истата ситуација. Овој проект опфаќа и втора фаза со којшто ќе работиме со педагозите и психолозите во училиштата, со родителите за да им ги дадеме потребните ресурси како да си ги заштитат децата онлајн, посочи министерот во изјава за медиумите во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“ - што се одржува денеска.

Според него, опасно е, како што рече, „да влеземе во забрана на апликации“. 

- Она во што би било опасно да влеземе е во забрана на апликации, како држава што се смета себеси за европска, либерална, држава којашто верува во прогресивните вредности на ЕУ, би било штетно да одиме кон целосно забранување на апликации - истакна Андоновски.

Многу повеќе, според него, треба да се работи со родителите. 

- Имам чувство, да не ме разберат погрешно, дека имаме недостаток на воспитување на младата генерација и затоа ни се случуваат овие работи, затоа што социјалните медиуми се само платформа за споделување на овие информации, но информациите повторно потекнуваат од младите, од децата и од недостатокот од воспитување кај родителите, затоа што ваков вид на предизвици имало и порано, кога луѓето се повредувале, но се споделувале на друг начин, не се споделувале на социјалните мрежи. Она што го правеле државите, работеле со родителите и со училиштата. Мислам дека нашиот фокус треба да биде на родителите и училиштата и затоа е Центарот за побезбеден интернет за деца - потенцираше тој. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата врши претреси во Судски совет

Полицијата врши претреси во Судски совет

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

КОЛЕГА БУЈАР, КРИВО МАГАРЕ НЕКА КАНДИДИРААТ ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ МАСОВНО, САМО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ДА НЕ ВЕ ГЛЕДАМЕ ВЕЌЕ НА ВЛАСТ: Д-р Лазаров му се обрати на Османи

КОЛЕГА БУЈАР, КРИВО МАГАРЕ НЕКА КАНДИДИРААТ ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ МАСОВНО, САМО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ДА НЕ ВЕ ГЛЕДАМЕ ВЕЌЕ НА ВЛАСТ: Д-р Лазаров му се обрати на Османи

Повторно ќе му се суди на газдата на „Беса транс“

Повторно ќе му се суди на газдата на „Беса транс“

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје