24 Јануари, 2025
0.1162

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Арбен Таравари во емисијата „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов откри зошто досега 15 години немало проширување на „позитивната листа“ на лекови што одат на товар на здравствениот фонд.

- Пролонгирањето на позитивната листа на лекови знаете зошто се пролонгирала? Да беше некој „бизнис ориентед“ министер ќе го оставеше тоа и ќе речеше „ај понатаму ќе видиме“ кога ќе формира негова комсиија. Има многу групи на интереси таму. Секој сака да има своја комисија затоа. Но јас прифатив комисија таква каква што е во моментот. Така се одолговлекуваат работите. Да бев деструктивен министер, ќе дојдев и ќе речев „јас ќе формирам сега нова комисија“. Меѓутоа прифатив - тоа што работеле професионалците, одиме со проширување. Значи 15 години немало проширување на позитивната листа, рече Таравари.

Тој потврди дека се вратат големи пари во здравството, но не сакаше да оди со бројки во приватното, туку само во јавното.

- Се вртат големи пари во здравството,но не можам да излезам со сигурни бројки., Само за здравство, во буџетот на Македонија има милијарда евра.Значи тука влегуваат Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, вели Таравари.

Министерот рече и дека, за негова среќа, не доживеал инфаркт, туку само колапс, по што сега се чувствува пдообро.

- Поминав еден колапс пред 10 дена, ги направив сите испитувања што не сум ги направил со години. Фала му на Господ добро е, не е инфаркт, треба да внимаваме на годините. Биологијата си го прави своето, смета Таравари.




Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато