„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024
- Ова со државнотворен народ почнува да станува многу смешно.
Единствени кои сакале да имаат сопствена и посебна држава Македонија биле Македонците.
Албанците сакале да имаат држава Албанија. Бугарите Бугарија - со овие зборови се обрати професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи.
По големите натегања и препукувања во јавноста поттикнати од барањата на повеќе политички партии и поединци Уставниот суд да разгледа 13 иницијативи за оценување на уставноста на Законот за двојазичност, Најчевска, која важи за голем општествен критичар, укажува дека само Македонците се народот кој цели и сака да има држава Македонија, ниту еден друг, иако додава таа, ниту една држава не е етнички чиста.
- Ниту една држава не е етнички чиста. Ама државите се создадени од припадници на конкретна група или групи луѓе кои сакале зедно да живеат и ја гледле иднината како заедничка. Тоа не значи дека другите не треба да имаат права или дека треба да се асимилираат. Само едноставно не се државнотворни.
Историски гледано Бугарите не сакале да формираат држава Македонија. Србите не сакале да формираат држава Македонија. Албанците не сакале да формират држава Македонија. Ама тие се родени тука на оваа територија и врз основа на тоа имаат права поврзани со нивниот идентитет, култура и јазик како малцински заедници.
Како граѓани на државата ги имаат апсолутно истите права и обврски кои ги имаат и сите други граѓани - нагласува професорката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.