БИЛА ДЕЛ ОД ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ НА УКРАИНА, СЕ ВРАТИЛА ОД ФРАНЦИЈА: Која е Наталија Вовк за која се тврди дека ја убила Дугина?
Објавено во: Свет 23 Август, 2022
Украинката Наталија Вовк, жената која ја посочуваат како одговорна за убиството на руската новинарка и политиколог Дарија Дугина, била во Европа како бегалец по почетокот на војната во Украина. Овие детали ги соопшти нејзиниот татко. Вовк била во Франција, но се вратила.
„Тоа не и се допадна и се врати во Украина преку Полска“, рече тој.
Таткото на Вовк раскажа дека неговата ќерка служела во вооружените сили на Украина.
Дугин загина на 20 август, откако автомобилот што го возела експлодирал во движење. ФСБ на Русија тврди дека злосторството го подготвиле украинските специјалци, а извршител е Наталија Вовк, која веќе побегнала во Естонија.Но, Украина ги негираше овие обвинувања.
Рускиот претседател Владимир Путин имаше само пофални зборови за загинатата новинарка за која рече дека имала „големо руско срце“. Русија и Украина војуваат од 24 февруари годинава.