06 Декември, 2025
0.0613

БИЛА НОВИНАРКА, А СЕГА Е БЛОГЕРКА: Хрватка открива дали може да се заработи од блог

Објавено во: Финансии, Стил 30 Ноември, 2018 06:43

Добивај вести на Viber

Мија Дропуљиќ од Хрватска цели 12 години била во новинарските води, била новинарка, уредник, а лани се впуштила во маркетинг, по што и недостигало пишувањето и решила да направи блог на кој ќе ги обедини пишувањето, патувањето и планинарењето.

Вели дека ова се трите работи кои ги сака, го отворила и почнала да пишува на блогот www.underdreamskies.com.

„Беше вистинско освежување да се пишува и креира без шеф над глава, да пишувам онака како што отсекогаш сакав и за работи кои мене лично ме инспирираат. Инстаграм имам со години, не сум ни сигурна кога го отворив. Тој ми служеше како визуелен дневник, и на него објавував фотографии од патувања и планинарски авантури. Така дознав дека моите пријатели сакаат да дознаат нешто повеќе за моите патувања и авантури. И така се роди блогот кој го гледам како виртуелно место за заљубеници во патувања и авантури“, вели блогерката.

Блогот додава дека треба да инспирира, едуцира, и информира, а освен натписи за своите патувања, има и дел текстови за искуствата на нејзините пријатели.

За блогот вели дека е нејзино хоби, засега не живее од него, но има приходи кои и помагаат да реализира повеќе патувања.

„Не живеам од него, во смисла да ги покривам месечните трошоци, но остварив бројни соработки со многу респектабилни брендови како на пример outdoor brend Fjallraven. Добивав понуди и од брендови кои лично не ги користам и ги одбивав“, додава Дропуљиќ.

Посетила многу земји, ја поминала цела Европа. Летово била и во Македонија, и е воодушевена.

„Искрено никогаш не сум ги броела градовите каде сум била и сум ги посетила, тоа ми се чини како натпреварување и фалење“, вели таа.

Додава дека била во Италија, Холандија, Португалија, Белгија, Австрија, Романија, Турција, а посебно и се допаѓа Њујорк, Јордан, но има желба да ја истражи Азија, почнувајќи од Талјанд, Камбоџа, Лаос, Виетнам. Интересна земја за посета за неа е и Мексико. 

„Сакам патувањето малку да ме „протресе“, да запознам други култури, да размислам за нивниот и мојот начин на живот, да пробам поинакви јадења, да научам историја“, раскажува блогерката. 

Сака идната година да оди на далечно патување, но вели дека ниту една држава или регион не треба да се потценува, а оној кој сака да шета ќе најде убаво место и зад следниот агол. За себе вели дека често поминува време на еднодневни излети во околината на Загреб. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката