Билали: Побрзо ќе не удри астероид, одошто Груевски да остане во политиката!
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017
Груевски го има загубено, а можеби и никогаш го немал основното рационално резонирање - колку, како, зошто и кога? Така што тој не може да сфати дека му е дојден политичкиот крај. Повеќе од сигурно е дека Груевски сега веќе тотално го има загубено своето перцепирање на реалоста, дека политичката кариера веќе му е завршена, вели за Фактор, политичкиот аналитичар Мерсел Билали, коментирајќи ја последната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во која тој го повика народот да ја одбрани унитарноста на државата, што според него е загрозена од колицирањето на СДСМ со партиите од албанскиот блок.
„Секој обид за продолжувањето на истата, тој не сфаќа дека навлегува во опасно политичко минско поле чиј крај го прави уште поболен. Во секоја втора реченица тој вечерва спомнуваше „народот кој единствен кој може да ја спаси“ наводно катаклизмата што и се случува на државата. Секому би можеле луѓето да му веруваат, ама не и на човек кој 10 години ги лажел дека секој ден им е подобро, а тие го чуствувале спротивното.
Исто така релевантни информации говорат дека тој се сложил дури и со најавансиран закон за јазикот, само без СЈО. Нели слушавме и од презентерката на Сител дека Груевски ја прифатил албанската платформа и сосема е извесно дека ќе има Влада меѓу ВМРО и ДУИ?
Во еден момент во својот настап тој кажа дека мнозинството од македонското население не се спротииставуваат на разнебитувањето на македонската држава, за потоа на свој конфузен начин пак да каже дека верува оти народот ќе го спречи Заев во неговите лоши намери!!!
Потенцирајќи дека е спремен безусловно да го поддржи Заев во неговата „лична желба“ да стане премиер, тој спомна дека е подготвен дури и во затвор да отиде само за да се „спаси“ татковината.
Јас прашувам за која татковина зборува тука г. Груевски. За таа што и нанесол егзодус од библиски размери? За таа што за 10 години три пати и го зголеми долговите? За таа што и ги уништи институциите? За таа што од нејзиното судство направи „куче чувар“ за носителите на мега криминалите? За таа што и го осиромаши населението на ниво на Сомалија и Етиопија? За таа што слободата на говорот и го претвори во минута молчење?
Мој совет за овај човек е - што побрзо да отстапи од поликата оти секоја секунда му е товар плус во секој домен. Неговата можност да остане во политиката е помала отколку да не погоди некој огромен астероид, заклучува Мерсел Билали.