БИЛЕ ПРОДАВАЧКИ, ХИГИЕНИЧАРКИ, СЕКРЕТАРКИ ПА СТАНАЛЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: „Стоп за „вечерните школи“, Бешлиовска за Фактор
Објавено во: Македонија 24 Март, 2023 07:27
Дејноста на
медицинските сестри е од исклучително значење за здравствениот систем на секоја
држава, но начинот на едукацијата има огромно влијание врз квалитетот на
понудените услуги, вели во разговор за Фактор, м-р Гордана Бешлиовска,
претседателка здружението „За нас“ и на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари,
акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС). Според неа станува збор за струка која не може и не смее да се заврши
вонредно, а единствено што произлегува од ваквиот тип на образование е
хиперпродукција на недоволно квалитетен медицински кадар.
-Има случаи на преквалификување од сите можни професии, кои вонредно завршувале во повеќе школи низ Македонија. Велат дека сега им се укинува уставното право за неформално образование кое го нуди Работничкиот дом „Кочо Рацин“, но на ова навистина мора да се стави крај, особено што тие на некаков начин ќе ја добијат дипломата, но немаат никаква практична настава. А најмногу преку праксата се стекуваат со квалитетни вештини кои се потребни за работа низ болниците. Најмногу има преквалификации на кадар вработен во болниците и другите здравствени установи и тоа од работни места како што се администраторки, хигиеничарки, болничарки, бидејќи при запишување немаат никакви услови, станува збор за неформално образование... Ние не сме против никого, секој си бара место под сонцето, меѓутоа хиперпродукцијата може само да донесе неповратна штета на македонскиот здравствен систем, вели Бешлиовска.

Посочува дека е особено загрижувачки тоа што голем дел од болниците отвораат работни места за медицински сестри со средно школо и кои влегуваат на работа со договори на дело.
-На нив тоа им одговара, тие за една година стекнуваат работно искуство и потоа си заминуваат во странство. Истовремено, бидејќи се вработени само со договори на дело при што не им тече стаж, како и пензиско и здравствено осигурување, Агенцијата за вработување брои 2.000 невработени медицински сестри, што не е точно. Имаме 1.700 низ болниците кои работат со договор на дело и откако ќе се стекнат со доволно вештини си заминуваат од Македонија, нагласува таа.
Според неа, потребни се национални програми кои ќе резултираат со трајно решение за овој долгогодишен проблем во дејноста на медицинските сестри.
-Корона пандемијата беше добра опомена колку светот се соочува со потреба од квалитетни медицински сестри, но за жал досега проблемот упорно не се решава. Проекциите на Светската здравствена организациуја се дека до 2030 година на глобално ниво ќе има недостиг од девет милиони медицински сестри, а еве каде е 2030 година. Од тие причини инситираме да се воведат сериозни образовни програми, бидејќи во спротивно се соочуваме со целосен колапс на здравствениот систем, оценува Бешлиовска.
Инаку, од средата Министерството за образование и наука ги забрани вонредните уписи за медицински сестри. МОН испрати допис до средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе да не запишуваат ученици вонредно, односно ваквиот вид на едукација да го стават во мирување. Од МОН посочија дека одлуката е од национален интерес.
Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




