19 Декември, 2025
0.0634

Бимилк и Bitola Car Show: Кога стилот се сретнува со традицијата – во срцето на Битола

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2025 09:52

Добивај вести на Viber

Во едно убаво утро во Битола, на неколку препознатливи градски локации, Бимилк потсетува на традицијата, наследството и автентичноста на градот. 

Преку винтиџ фотосесија што претставува естетски омаж на трајните вредности кои ги споделуваат Бимилк и Битола, оживеана е сцена од секојдневието – класично облечена двојка, олдтајмер и чаша млеко, како симбол на навики што траат низ генерации.

Токму оваа фотосесија е најава за првото издание на Bitola Car Show, кое ќе се одржи во сабота, на 21 јуни, пред Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Градот под Пелистер ќе се претвори во бина на класиката, со над 150 олдтајмери и автентични возила од целиот Балкан, визуелен спектакл исполнет со урбана култура и носталгична естетика.

Во духот на настанот, Бимилк, бренд кој од 1952 година е дел од животот на битолчани, го сподели овој визуелен расказ како израз на континуирана поврзаност со локалната заедница и вредностите што ја градат битолската приказна. Фотографиите ги потпишуваат театарскиот костимограф и режисер Благој Мицевски и фотографот Коста Дупчинов, а специјално место има Cadillac Eldorado од приватната колекција на Горан Бумбаровски – долгогодишен љубител на класичните автомобили.

„Во свет што брза, убаво е понекогаш да се вратиме назад. Не поради носталгија, туку поради вредностите што сè уште држат тежина. Како занаетот. Како вкусот. Како добрата приказна. Затоа, како бренд што постои повеќе од 70 години, ја поддржуваме оваа иницијатива – како потсетување дека вистинските класици никогаш не исчезнуваат. Со оваа винтиџ приказна сакаме да потсетиме дека Бимилк е повеќе од бренд, тој е дел од секојдневието, дел од традицијата и идентитетот на Битола. Нашето присуство на Bitola Car Show е природно продолжение на таа врска,“ - изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.

Организаторите Александар Станковиќ и Панче Ѓорѓевски истакнуваат: „Ова е наш прв Bitola Car Show, но чувството е како да го планиравме цел живот. Сакавме нешто што не е само изложба на возила, туку комплетно визуелно и културно искуство. Возила од Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Македонија… и приказни што нè поврзуваат сите нас. Благодарни сме што бренд како Бимилк, кој 73 години е присутен на нашиот пазар, ја поддржа оваа идеја. Затоа што стилот е момент, но наследството е вистинскиот мотор.“

Bitola Car Show е настан отворен за сите љубители на класични автомобили, добра приказна и ретро естетика.


Се гледаме во сабота, на 21 јуни, пред Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, да го прославиме стилот што не избледува и вредностите што траат.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка