19 Декември, 2025
0.0433

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2025 12:55

Добивај вести на Viber

Терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) конечно пристигна, но пациентите ќе можат да ја добијат од следната недела. Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека дел од неопходните лекови се веќе на располагање, додека нови количини се очекуваат во текот на утрешниот ден, како и во понеделник.

„Првпат се случува да нема терапија 10 дена, но мора да се нагласи дека 95 проценти од пациентите ја добиваат својата терапија. Недостигот се однесуваше на околу пет проценти од пациентите, што е околу 20 до 30 лица. Сепак, и еден пациент да е во прашање – тоа е премногу. Направивме максимални напори и од идната недела сите ќе бидат третирани“, изјави Таравари пред почетокот на националната консултација за реформа на болничкиот сектор.

Тој увери дека министерството работи на спречување на идни кризи со снабдувањето на лекови, со што наредната година нема повторно да се соочат со истиот проблем. Во однос на информациите дека се трошат последните количини на имунолошка терапија, Таравари изрази надеж дека брзо ќе биде најдено решение.

Јас се надевам дека и тоа ќе бидеме покриени набргу и нема да има криза. Така да, се обидуваме да згасиме пожари што се предизвикани однапред, значи овие тендери за оваа количина на лекови, јас не сакам сега да изнаоѓаме кој е крив, не е битно тоа за пациентите, тие си бараат лекови и третман. Меѓутоа со новото снабдување на лекови, јас се надевам дека нема да се случи идната година, повторно јануари, февраури, да недостасуваат одредени лекови, одговори Таравари на новинарско прашање. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината