19 Декември, 2025
0.0426

БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - ЈСП ИЗБРАЛO НЕПРИФАТЛИВА ПОНУДА ЗА НАБАВКА НА ЕУРОДИЗЕЛ: Утврдени се неправилностите во постапката

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024 11:12

Добивај вести на Viber

Бирото за јавни набавки во денешното соопштение информира дека ја утврдило неправилноста во постапката за јавна набавка на Еуродизел спроведена од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

-Управната контрола, спроведена по сила на закон, откри дека избраната понуда не ги исполнува условите утврдени во тендерската документација, а кои самото ЈСП ги навело како задолжителни.

Според соопштението од Бирото, договорниот орган – ЈСП, избрал единствена поднесена понуда, која била оценета како неприфатлива поради несоодветност со условите од точка 1.4.8 од тендерската документација. Оваа неправилност е наведена и во извештајот од спроведената постапка на комисијата за јавни набавки на ЈСП.

Управната контрола дала јасни инструкции ЈСП да ја стави вон сила одлуката за избор на понуда и да ја поништи постапката за набавка, согласно член 177 став 3 од Законот за јавни набавки. Дополнително, Бирото истакна дека ЈСП не ја искористило можноста да ги оспори инструкциите, бидејќи фактичката состојба е правилно утврдена и усогласена со законот.

Во однос на реакцијата од Градот Скопје, кој преку соопштение ги обвини Бирото за политички мотиви, тие ги оценија изјавите како „непримерни и непрофесионални“.

„Наместо да шири клевети, Градот треба да ги искористи законските можности за задоволување на итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка,“ се наведува во соопштението на Бирото.

Бирото за јавни набавки апелира на професионално однесување, повикувајќи ги надлежните институции да преземат одговорност за решавање на проблемите кои произлегуваат од нивното лошо управување.

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот