БИСЛИМОВСКИ И МВР ГО ПОТВРДИЈА ИНЦИДЕНТОТ - претседателот на РКЕ бил удиран од газдата на „У повер“ и син на Муса Џафери
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2021 09:00
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Фактор потврди дека бил физички нападнат од сопствениците на компанијат „У повер“, за која неодамна токму РКЕ ја почна постапката за одземање на дозволата за работа, поради непочитување на договорите на кон потрошувачите за снабдување со струја.
„Точно е“, ни одговори кусо Бислимовски.
Од МВР за Фактор потврдуваат дека „на 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.
А за нападот, заедно со видео од нападот, објави фејсбук страницата Аеродромци.
Тие тврдат дека нападот е извршен од Аријант Џафери, син на екс вицепремиерот Муса Џафери и еден од сопствениците на У повер.
„(Видео) Физички напад врз претседателот на РКЕ, Бислимоски
Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот“, беше објавено на фејсбук страницата Аеродромци.
Н.Н.Ф.
Погледнете го видеото
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




