БИТИЌИ ОБВИНИ ДЕКА ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА Е ЕКОНОМСКО ПРЕДАВСТВО: Петрушевски му одговори дека СДСМ го изгубил правецот

Објавено во: Економија 17 Септември, 2024 18:36
Според пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании.
„Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината“, рече Битиќи.
Тој вели дека заемите, како овој, кои доаѓаат од ЕКСИМ банки, независно дали тоа е од Унгарија или од друга земја, наметнуваат и услов, парите да се користат за фирми кои доаѓаат од матичната земја.
Но, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека СДСМ го загубил правецот.Петрушевски вели дека е срамно еден поранешен вицепремиер за економски прашања да излегува на говорница и да го критикува ова задолжување имајќи предвид дека во времето кога Битиќи бил вицепремиер тогашната влада го удвоила јавниот долг од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра
Собранието со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување на Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.Можеби ќе ве интересира
САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра
