Зобек-Мининг е фирмата поради која Деспотовски е осомничен
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2024
ТВ Алфа објави дека скопската фирма „Зобек-Мининг“ е компанијата поради која е осомничен поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски, кај Основното јавно обвинителство.
За Деспотовски се одредени мерки на претпазливост, но поранешниот функционер тврди дека нема никаква вина и дека е чист пред правдата.
Според ТВ Алфа, сомнежите паѓаат во тендерот добиен од страна на „Зобек-Мининг“ за нивелирање на земјиштето во слободните индустриски зони Штип и Струмица заради поставување на фотоволтаични панели.
Оваа фирма добила пет големи тендери од страна на Дирекцијата за ТИРЗ, а вкупната вредност изнесува 22 милиони евра.
„Зебек-Мининг“ набавувал и јаглен за РЕК Битола.