05 Декември, 2025
0.0398

СЛАВАТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ОДЗЕМЕНИ ИМОТИ КОИ ГИ ДОБИЈА ПРАВНИТЕ БИТКИ - од денеска ќе се тргува со нова државна обврзница за денационализација

Објавено во: Финансии 30 Декември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Уште една државна обврзница за денационализација ќе почне да котира на македонскиот пазар на капитал.

Станува збор за 23 обврзница за денационализација, а првиот датум на тргување ќе биде токму денеска.

Оваа е најмалата државна обврзница за денационализација издадена досега, и нејзината вредност е само 1,5 милиони евра.

Како што извести берзата, нејзиниот одбор на директори донел одлука за котација на Дваесет и третата емисија на државни обврзници за денационализација на Официјалниот пазар на Македонската берза, со прв датум на тргување 30 декември оваа година.

Станува збор за обврзници издадени во дематеријализирана форма, кои гласат на име и се неограничено преносливаи. Вкупен износ на емисијата е 1.500.000 евра, а номинална вредност на една обврзница е едно евро. 
Датумот на издавање е 26.12.2024 година, а каматната стапка е 2 отсто годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 26.12.2024 година, а рокот на достасување на обврзниците е 01.06.2034 година.
 Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, почнувајќи од 01.06.2025 година. Со обврзниците ќе почне да се тргува од денеска, на Официјалниот пазар на Македонската берза.

Инаку, неодамна Министерството за финансии ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација, а таа беше поголема, на износ од 4,5 милиони евра, и со неа беа опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници.

Она што е познато е дека имателите на обврзници за денацонализација можат нив да ги користат и за отплата на становите во општествена сопственост. Со обврзниците за денационализација може да се тргува и на секундарниот пазар на Македонската берза. 

Македонија согласно Законот за издавање на обврзници за денационализација, почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците.

Овие обврзници граѓаните можат или да чекаат да си ги добијат средствата во тие десет ануитети, односно секоја година по една десетина од сумата плус каматата, или да ги искористат за отплата на станови во општествена сопственост, доколку такви се уште воопшто постојат, или да ги продадат преку берза.

Обврзниците од 21 емисија, на пример, на Берзата се продавале по цена од 92, 93 или 94 отсто од вредноста. На пример за обврзница од 100 илјади евра, граѓанинот успеал да си поврати 92 илјади, но не морало да чека 10 години, туку веднаш си го добил најголемиот дел од обесштетувањето.

Инаку, пак, како купувачи односно вложувачи во вакви државни хартии од вредност, кои важат за доста сигурни, се јавуваат главо институционални инвеститори, односно пензиски и инвестициски фондови.

Преку овие обврзници, државата се раздолжува кон сопствениците на присилно одземените имоти за време на социјализмот, после втората светска војна, под образложение дека се потребни за општокорисни цели.

Согласно измените на Законот за издавање на обврзници на РС Македонија за денационализација, предвидено е емитување на 25 емисии за исплата по решенија за денационализација.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката