НАЈДОБАР НАУЧНИК НА УКИМ ЗА 2023 ГОДИНА: Наградата ја доби Александар Стојков
Објавено во: Економија 30 Декември, 2024
Во рамките на одбележувањето на светскиот ден на науката за мир и развој, на проф. др Александар Стојков од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје му е доделена награда за најдобар научник на УКИМ за 2023 година од областа на општествените науки.
Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангеловска, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја.