02 Јануари, 2025
0.0325

Директорот на „Веро“ маркетите тврди дека цените се намалени на основните прехранбени производи

Објавено во: Економија 29 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Петар Денковски, генералниот директор на синџирот маркети на „Веро“, смета дека цените на основните прехранбени производи се намалени во текот на изминатата недела.

- Голема поддршка дадовме на акцијата на Владата. Освен таа поддршка, изминатата недела направивме дополнителна акција на 60 нови производи. Зголемувањето на цените не ни одговара ниту на нас, ниту на потрошувачите, така што продолжуваме со континуирано намалување на цените, рече Денковски како одговор на новинарско прашање за време на настан.

 Министерството за економија во текот на изминатите денови најави поголема активност на пазарните инспектори во голем број маркетови и при тоа открија значително зголемување на цените кај основните прехранбени производи кои не се опфатени со т.н. новогодишната кошничка. 

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески нагласи дека доколку трговците не ги намалат цените на овие производи до крајот на неделата, ќе бидат принудени да ги преземат дополнителните мерки и одлуки, вклучувајќи и налагање казни.

Во текот на инспекциите, инспекторите открија неусогласености во цените на некои основни производи, кои значително ги надминуваат предвидените граници за зголемување.

И премиерот Христијан Мицкоски на прашање кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, одговори дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?

ОВА Е КОМПЛЕТЕН ВОДИЧ ЗА СИСТЕМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ ETIAS: Еве што не очекува во 2025 година

ОВА Е КОМПЛЕТЕН ВОДИЧ ЗА СИСТЕМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ ETIAS: Еве што не очекува во 2025 година