Битиќи: Повикот на Валентина Божиновска ги преминува „црвените линии“
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2021 11:39
Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, се огради од првичното назначување на Валентина Божиновска за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи.
Изборот на актерката како одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи предизвика негативни реакции во јавнсота, откако во фамозната ноќ на протестот пред Државната изборна комисија во 2016 ја употреби фразата „вечер на ножевите“.. За вицепремиерот тоа е неприфатливо, бидејќи се работи за личност која ја преминала „црвената линија“.
- Познат сум по ставот дека сум човек кој овозможува севкупно вклучување на луѓето затоа што идеолошки верувам во креирањето на едно општество, а токму концептот на едно општество е да им дозволите на сите истомисленици и неистомисленици да бидат дел од дебата и дискусија. При тоа имам категоричен став дека во такви дебати не можат да се вклучат луѓе кои повикувале или биле дел од некои идеологии кои повикувале на елиминација на некого кој не е истомисленик во одредено време, коментираше денеска Битиќи.
Вицепремиерот во декември покрена слична платформа „За татковината со љубов“, во која без надомест требаше да се вклучат експерти од сите економски сфери и стручната јавност, а меѓу повиканите имаше и поранешни функционери на минатата власт.
Божиновска синоќа изјави дека нема да може да биде дел од Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради здравствени причини.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




