Добивај вести на Viber
Во текст во весникот Њујорк тајмс, со наслов Биткоин и варварството, Американскиот економист и нобеловец Пол Кругман оценува дека е тешко да се каже зошто биткоинот има вредност и истовремено го нарекува - вид виртуелно богатство.
Според него, на сила е монетарно назадување – односно необична решеност на многу луѓе да се вратат час наназад и да свртат грб на векови прогрес.
Кругман го споредува биткоинот со злато, бидејќи нови биткоини може да се добијат само со решавање сложени математички проблеми кои бараат моќни компјутери и многу струја за нивно напојување.
Кругман вели дека за создавање на биткои се користат природни ресурси и дека најголем „рудник“ за негово „ископување“ е на Исланд каде струјата има најниска цена.
Но, според него и покрај тоа што цената на златото е намалена се уште е трипати повисока отколку пред 10 години поради што ископувањето мора да продолжи.
„Рудникот“ на Исланд тој го споредува со рудникот Поргера во Папуа Нова Гвинеја, еден од најголемите светски производители на злато кој е општопознат по нехуманите услови и штетноста по животната средина.