„Битола Брокер“ без дозвола за вршење услуги со хартии од вредност
Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2012 12:09
Комисијата за хартии од вредност, соопшти дека трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Битола Брокер” АД Битола, поради донесена одлука за престанок со работа на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери.Со трајното одземање на дозволата за работа на „Битола Брокер”, се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд.Согласно Законот за хартии од вредност, КХВ ќе ги задолжи „Македонската берза” АД Скопје и „Централниот депозитар за хартии од вредност” АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа „Битола Брокер”.Со згаснувањето на „Битола Брокер” АД Битола, на македонскиот пазар на хартии од вредност работат вкупно 11 брокерски куќи и 6 овластени банки за работа со хартии од вредност.
На вчера одржаната седница, Комисијата за хартии од вредност, како што информира, му дозволи на „Тутунски Комбинат” АД Прилеп да издаде трета емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 637.778 обични акции во вредност од 32.609.589,14 евра. Акциите од третата емисија се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност.Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на јавни давачки што државата ги има кон „Тутунски Комбинат” АД Прилеп ги претвора во трајни влогови во друштвото. На овој начин ќе се намали долгот кој „Тутунски Комбинат”АД Прилеп го има кон Република Македонија по основ на јавни давачки. Оваа постапка се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД Органско хемиска индустрија ”Наум Наумовски –Борче” АД Скопје, ”Тутунски Комбинат” АД Прилеп и Друштво за производство на производи со посебна намена ”11 Октомври-Еурокомпозити” АД Прилеп.
КХВ воедно даде одобрение „Македонски енергетски ресурси” АД Скопје да ја зголеми основната главнина преку издавање на 2.430 нови обични акции со вкупна продажна вредност од 243.000 евра. Втората емисија на акции е наменета за постојниот акционер-Влада на Република Македонија, а истата се врши заради создавање услови за непречно функционирање, како и можности за проширување на дејноста на друштвото.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





