„АПАСИЕВ ДО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ СЕ ОГЛАСИ ЗА НОВИОТ АВТОМОБИЛ“ - адвокатот Јанаки Митровски и денеска се занимава со лидерот на Левица
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2025
Адвокатот Јанаки Митровски и денеска се занимава со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев и со неговото возило, забележувајќи дека тој не се огласил во врска со џипот за кој вчера јанаки тврдеше дека е негов, а му забележа и за непрописното паркирање.
„Апасиев до овој момент не се огласи за новиот автомобил. Претходно, тој често зборуваше за неговата „Алфа“, за која велеше дека е стара и се расипува. Во јавноста, исто така напоменуваше дека се движи со велосипед. 15 дена пред да го купи новото возило, тој беше гостин во поткастот „Претрес со Ландов“, каде што, зборуваше дека „Алфата рикна“, но и дека купува ново возило“, пишува адвокатот на социјалната мрежа фејсбук.