05 Декември, 2025
0.2269

Битола во соработка со Киевскиот регион

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2013 13:53

Добивај вести на Viber

Општина Битола директно ќе соработува со Киевскиот регион во Украина, а во опфатот на таа соработка ќе доминира стопанството, соопштија градоначалникот Владимир Талески и Валериј Кокот раководител на секторот за економски работи во Амбасадата на Украина во Република Македонија. Со спогодбата и договорот за директна соработка се очекува да се овозможат нови инвестиции, зближување меѓу стопанствениците од двете држави и друга соработка. - Киевската област е именувана според главниот град на нашата држава и е најголемиот регион во Украина. Тоа воедно е најразвиениот трговски и економски регион кој може да биде од голема корист на двете држави. Цврсто сме заинтересирани за инвестирање во Република Македонија и за соработка меѓу бизнисмените, бидејќи нашите два народа се многу слични, истакна Валериј Кокот од укранинската амбасада во Македонија. Одлуката за економска соработка со Киевскиот регион за општина Битола претставува уште една меѓународна потврда за потенцијалот на локалната самоуправа, посочи градоначалникот Владимир Талески. - Спогодбата ќе ни овозможи соработка во трговско-економскиот дел, научно-техничкиот но и културниот дел и понуда што ги имаат Битола и Киев. Ако се има пред вид дека Киевскиот регион има околу два милиони жители, тогаш може само да се претпоставува колкав е потенцијалот за соработка и за влез на украински капитал пред се во нашата индустриска зона „Жабени“, истакна Талески.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје