Битолска Млекарница во Брисел доби награда за најдобра општествена практика
Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2013
Иницијативата „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“ и додели на „Битолската Млекарница“ награда за најдобра општествена практика во категоријата големи компании. Оваа година за прв пат македонски компании добија можност да ги претстават своите проекти во Брисел пред иницијативата поддржана од Европската комисија, откако Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност ги избраа за најдобри општествени практики во Македонија.
„Битолската Млекарница“ ја доби наградата за реализираната акција „Прегратка на дар“ во чии рамки беа организирани едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Во акцијата беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија повеќе од 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници - децата кои новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.
„Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекарница е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во „Битолска Млекарница“.
Доделувањето на наградите се одржа на 25.06.2013 во Брисел, таму беа наградени 60 компании од 29 земји.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.