Битолската печатница „Киро Дадаро“ со зголемен извоз на производите
Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 12:10
Печатницата „Киро Дандаро“-Битола со ставањето во функција на нова опрема од италијанско производство вредна 1,5 милиони евра, значително го зголеми капацитетот на печатарски услуги и директно го зголеми извозот на своите производи во странство.
Според директорот на АД „Киро Дандаро“-Битола, Драги Милошевски ова одамна не и се случило на таа компанија да регистрира толку голем извоз на своите производи во Србија, Босна и Херецеговина, на Косово и во Албанија.
- Само во овој месец вкупниот извоз ќе биде поголем од 5 милиони евра и тоа за македонски услови е навистина голем податок. Тоа е само извоз, инаку вкупна реализиација ќе биде поголема од еден милион евра. Ние всушност не можеме да престигнеме од работа. Најголем дел од извозот или околу 60 отсто е насочен за Србија, а останатиот дел се Косово, Албанија и Босна и Херецеговина, потенцира Милошевски.
Во најновата инвестиција на печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола меѓудругото вклучени се машина флексо во 8 бои која е двојно побрза, врши автоматска замена на влез и излез и овозможува импозантни резултати. Од оваа компанија најавуваат дека наскоро ќе набават и нова рото машина чија вредност се проценува на околу два милиони евра. Со овие инвестиции освен подобрување на ефикасноста на компанијата се придонесува и за енергетска ефикасност, заштита на животната средина и висока култура во деловното работење, истакнуваат од битолската печатница АД „Киро Дандаро“
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





