19 Декември, 2025
0.0412

Битолското обвинителство повикува лица на разговор, се чекаат извештаите за смртта на Јана

Објавено во: Македонија 29 Март, 2023 17:48

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Битола го чека обдукцискиот наод кој треба да покаже од што почина шестгодишната Јана Христовска во болницата во Битола.

Обвинителството открива дека во меѓувреме е извршен распит на повеќе лица и обезбеден е дел од медицинската документација.

„Во меѓувреме се преземени повеќе дејствија за испитување на настанот. Извршен е распит на повеќе лица кои имаат определени сознанија и обезбеден е дел од медицинската документација.

Останатиот дел од документацијата ќе биде најпрвин потребен за работата на комисијата за оценка на стручноста во постапувањето формирана од Министерството за здравство.

По завршување на нивното постапување, обвинителството ќе го обезбеди и нивниот и извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат во поглед на почитувањето на медицинските протоколи. По завршување на сите проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството.

Дополнителен увид треба да направи Комисијата од Министерството за здравство, откако беше направен увид и од страна на инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од каде што информираа дека нема грешки во лекувањето. 

Во меѓувреме, во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана, со цел да се укаже на состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место. Протестот ќе се одржи денеска вечер во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола под мотото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот