Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања
Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2025 11:20
Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач. Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.
,,Ова беше моја потреба да кажам некои работи кои одамна сакав да ги кажам. Да ја кажам вистината за мене од раѓање, од какво семејство потекнувам, кои биле моите предци, што работеле, колку имот имале, па потоа немале ништо со доаѓањето на национализацијата, дека јас лично пред 20 години почнав од нула, ама почнав со многу инженерско знаење, бизнис логика и преголема желба да успеам и да излезам од сиромашен живот’’- вели Анѓушев за неговата книга, напишана за три недели во јануари годинава.
Во еден дел се осврнува и на политиката, за која вели дека никогаш повеќе не сака да има никаква врска. Неговите погледи кон тоа како функционира државата како систем се сомничави, поради тоа што во последните 30 години, според него, не напредувавме доволно како држава и не се презеле храбри чекори. Во книгата дава предлози што би можело да помогне, иако како што вели, и самиот тој не добивал голема поддршка да ги спроведе кога лично бил дел од владата поради тоа што политиката кај нас е во принцип насочена кон дневно-политички опстојувања наместо кон стратешки решенија. Посакува и се надева новата власт и секоја идна власт да може да покаже поинакви резултати.
Како што заклучува на крајот, Анѓувшев ја напишал книгата за сепак да ги охрабри младите иднината да ја гледаат во Македонија.
,,Во оваа книга се обидов преку својот живот, преку своите искуства и грешки, да оставам едно четиво за сите кои денес се занимаваат или сакаат во иднина да се занимаваат со бизнис. Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење. И дека никогаш не треба да се откажувате’’-вели Анѓушев.
Ова е првпат Анѓушев да напише книга која е надвор од машинската струка, односно надвор неговите книги од кои се учи на Машинскиот факултет.
Од печат излезе на македонски и англиски јазик, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина. Ќе се продава во книжарите на Литература и во уште повеќе од 100 книжари и штандови за книги во хипермаркетите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





