18 Декември, 2025
0.0413

БИЗНИС ИЛИ ГРИЖА: Кој и како ги менаџира пензиските домови и клубови?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2016 09:49

Добивај вести на Viber

Иако во земјава има дневни центри и клубови за дневен престој на старите лица, во поголемиот број на градови, со голем процент на старо население, не е органзиран ваков облик на социјална заштита, се наведува во ревизорскиот Извештај  “Ефикасност на превземените мерки, политики и активности за оставрување на правата од социјална заштита“. Во септември, 2015 година Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да изготви Акциски план за изградба на дневни центри во осум поголеми градови, но до моментот на ревизијата, биле преземени почетни активности во три градови, Штип, Битола и Прилеп, за кој уште од страна на општината не бил обезбеден соодветен објект. Ревизорот под лупа го става менаџирањето на пензионерските домови и клубовите за стари лица “При издавањето на на деловните простории во пензионерските домови не се води грижа дали дејноста на истите е во насока на подобрување на квалитетот на живеење на корисниците на пензија“ се вели во извештајот кој го открива следново: Дури 33% од издадените деловни објекти во пензионерските домови се маркети за храна, 25% се ресторани, 16% отпаѓаат на пензионерски здруженија, 7% се издадени за примарна здравствена заштита, 5% приватни школи и градинки, а потоа следува и изнајмен простор за теретана, разни дуќани, канцеларии. Слична состојба е констатирана и при издавањето на просторот што припаѓа на Клубовите за дневен престој на стари лица. “Помал дел од деловниот простор на клубовите е даден на користење на Здруженијата на пензионери, додека поголемиот дел е даден на под закуп на приватни правни субјекти кои го користат просторот за друга намена. Ваквиот начин на стопанисување создава ризик истите во целост да не ја извршуваат дејноста како клубови за дневен престој, туку истите да се издаваат под закуп“, нотира ревизорот. Така, дури 39% од Клубовите за дневен престор се практично ресторани, 37% отпаѓаат на Здруженијата на пензионери, 16% се продавници од различен вид а 8% од просторот е издаден за теретана. Здруженијата на пензионери управуваат со 20 пензионерски домови и 43 клубови за дневен престој Државната ревизија констатира дека, спротивно на законот, не е обезбедена исхрана на старите лица во дневните центри. “Констатиравме дека со финансиската поддршка на дневните центри не е опфатено финансирање на активности кои се однесуваат на исхрана и други активности за стари лица предвидени со Законот за социјална заштита“, се вели во ревизорскиот извештај. Како позитивен пример, резвизорот го посочува прокетот “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ кој се реализира во договор меѓу ресорното министерството, Градот Скопје и Црвениот крст, пришто била воспоставена грижа на 60 изнемоштени стари лица кои живееле сами Што откри ревизијата во домовите за стари лица.... Квалитетот на животот на старите лица сместени во домови за стари лица беше во фокусот на последниот мајски ревизорски извештај, за што веќе пишуваше “Фактор“. Имено, ревизорот нотираше дека  со оглед на начинот на кој се планираат и реализираат активностите, заедно со финасирањето, кои треба да ја намалат социјалната исклученост на оваа старсна категорија на граѓани, квалитетот бавно се подобрува. “Воспоставениот начин на планирање и реализација на активностите со обезбедување на неопходните финансиски средства не овозможува да се оставрат поставените цели за намалување на социјалната исклученост на старите лица и подобрување на квалитетот на живото на истите“ – нотира ревизорот. Состојбата во дел од домовите, според направените анализи,  не ги задоволува основните животни потреби. “Неискористениот дел од капацитетите кој изнесува 17% се должи на несоодветни услови, реновирање и отсуство на потребен кадар во установите. Вкупниот број на лица кои чекаат прием, а ги исполниле условите за смесување е 131 лице, како резултат на условите и недоволниот број на капацитети за овој вид на институционално сместување“, посочува ревизорот. Во овој дел упатува на тоа дека потребите за стручен кадар не се во целост задоволени кај сите јавни установи, односно има недостаток на кадар како негувателки, хигиеничарки, медицински сестри, терапевти. Во дел од јавните установи пак здравстваената заштита од страна на лекари, специјалисти, се оебзбедува преку ангажирање на надврешни лица а во дел не е склучен  договор со елкар, туку се користи матичниот лекар, со што според ревизорот не се задволуваат потребите за целосна и навремена заштита на старите лица. Во дел од домовите за сместување на стари лица, се на минимум од пропишаните нормативи и стандарди, што влијае на кавлитетот на живеење на старите лица, посочува ревизијата. Во реновираниот дом во Битола пак, посочен како позитивен пример, условите значајно се подобриле како резултат на реконструкцијата на објектот, иако и таму се констатирани слабости, кои поради малиот простор не се во согласност со стандардите. Ревизијата покажува дека нов дом за стари лица има во Берово, со пари обезбедени од општината и од донанции. Реконструкација е направена и во Домот за стари лица – Битола, а планирана била изградба на ваква институција и во Кочани. Според оценката во извештајот, бројот на старо население се зголемува. Учеството на старото население со над 60 години ( според процените на населението во 2014 година) изнесува 18,5%. Од оваа стaросна категорија на граѓани, само 0,43% или 1 642 лица се сместени во домови за стари лица или пензионерски домови. Од вкупниот број на лица што се сметстени во домовите, 51% или 523 лица се во прватни установи а 49%, односно 501 лице во Јавни установи –домови за стари лица.ж Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје