05 Декември, 2025
0.0321

Бизнисмен со македонско потекло ќе го спасува Детроит!

Објавено во: Економија 07 Декември, 2012 12:21

Добивај вести на Viber

Аериканскиот бизнисмен со македонско потекло Мајк Илиќ, подготвува голем проект за обнова на неговиот роден град Детроит со изградба на населба на станбени и деловни објекти во центарот на градот.

Во центарот на населбата е предвидено да биде изградена голема повеќенаменска сала, во која веројатно ќе се играат натпреварите на хокеј тимот Црвените крила од Детроит на Илиќ.

Според Хафингтон пост, се очекува градежниот проект да отвори 8.300 работни места, од кои 5.500 само во спортскиот центар. Инвестицијата се проценува на 1,8 милијарди долари, од кои 650 милиони долари само за градежните работи, кои делумно ќе бидат финансирани со јавни средства.

Хафингтон пост пишува дека овој проект ќе може да ја искористи планираната законска измена која ќе овозможи ослободување на даноците за изградба на развоен проект во градските централни јадра. Проектот му е неопходен на Детроит, кој веќе со децении трпи тешка судбина предизвикана од колапсот на автомобилската индустрија.

Бројот на жители се има безмалку преполовено, од 1.200.000 во 1980 година на само 713.000 во 2010 година. Сиромаштијата и високата стапка на криминал се постојан проблем за преостанатите жители, особено во центарот на Детроит.

Мајк Илиќ е сопственик на синџирот пицерии Мал Цезар, еден од најголемите синџири во САД, како и на градежни компании и бејзбол и хокеј спортските тимови - Тигрите и Црвените крила од Детроит

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија