Бизнисменот и градежен инвеститор Менди Ќира кандидат за градоначалник на Струга
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2025 12:50
Познатиот бизнисмен од Струга, Менди Ќира, официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Општина Струга, како независен кандидат. Во изјава до јавноста, тој рече дека ја донел оваа одлука на барање на многу граѓани, бизниси и општеството.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија рече дека неговата кандидатура не е трка за власт или војна против некого, туку како што нагласи, тоа е само повик за единство, за сите оние кои го делат истиот сон за Струга.
„Денес официјално ја објавувам мојата кандидатура како независен за градоначалник на Струга. Тоа не е чекор што го презедов сам, туку е одлука што се бара од мене секој ден. Повици од локални бизниси кои бараат појасна ориентација на градот, повици од млади луѓе кои сакаат да останат во својата татковина, притисок од обични граѓани кои бараат храброст да го водам и управувам нашиот град со одговорност и посветеност“, објави Ќира.
Инаку тој е сопственик на градежната компанија „Трим“ позната по изградбата на стенбени згради во Струга и Охрид.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




