15 Декември, 2025
0.2342

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

Објавено во: Економија 15 Мај, 2025 14:20

Добивај вести на Viber

Тетовскиот бизнисмен Назиф Дестани и сопственик на фирмата „Еколог“ го продал уделот во „Еуромакс Рисорсес“ („Еуромакс“), компанија која подолг период турка проект за отворање на рудник на бакар и злато кај месноста Иловица во струмичко.

Порталот Дома објави дека две години откако преку холандска фирма вложи 3 милиони долари во „Еуромакс Рисорсес“, Дестани ги продаде акциите за 3,2 милиони долари и се повлече.

„Назиф Дестани се повлече – но Иван Вутов преку кипарска фирма дојде да му прави друштво на татко му Цоло Вутов кој преку фирма од Кајмански Острови веќе поседува 51% од уделите во Еуромакс Ресурси. Крајниот ефект е тоа што фамилијата Вутови од Бугарија сега заедно поседуваат 66% од Еуромакс.

Но ова не е само бизнис-зделка – ова беше обид да се протне отровен проект на грбот на народот! Токму кога Дестани стана акционер, судовите одеднаш решија во корист на „Еуромакс“. Совпаѓање? Не мислиме така.

Се сомневавме тогаш, и денес добиваме потврда – проектот за рудникот не се туркаше само со пари, туку и со врски, политички интереси и задкулисни договори. Дестани сега си заминува а Цоло Вутов зајакнува, но ние остануваме да се бориме“, објави еко-организацијата Здрава котлина.

Од таму се сомневаат дека со бизнисмени блиски до рудникот Бучим се подготвува нов обид за експлоатација на рудникот за бакар и злато.


Можеби ќе ве интересира

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година