29 Декември, 2024
0.1388

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

На 27 декември 2024 година, во Прилеп се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на клучните економски предизвици и решенија за локалното и националното стопанство. На седницата присуствуваа претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, како и претставници на локалните банки и компании.

Претседателот Азески истакна неколку важни точки за подобрување на економскиот амбиент, вклучувајќи го законското решение за недела нереботен ден, т.е во недела треба да се работи, но и да се плати соодветно спрема законските регулативи. Тој ја истакна потребата од рационализација на државната администрација за да стане вистински сервис на бизнисот и поддршка за извозните активности преку нова регулатива. Азески нагласи дека растот на платите во јавниот сектор треба да биде условен со растот на бруто-домашниот производ, додека парафискалните давачки на локално ниво мора да се регулираат исклучиво преку Собранието.

Присутните дискутираа и за инвестициите во инфраструктурата, со фокус на железничката линија кон Солун, како и за навремениот поврат на ДДВ и законските исплати за инвестиции. На состанок беа презентирани и условите за унгарскиот кредит, кој е потенцијален извор на финансиска поддршка за компаниите во регионот.

Претседателот на Регионалната комора поднесе извештај за активностите во изминатата година, потенцирајќи го значењето на Комората во поддршката на економскиот развој. Азески, пак, апелираше за унапредување на регионалната соработка и регионално поврзување и активност на регионалните комори за поголема активност на компаниите, особено од Источна Македонија.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта