29 Декември, 2024
0.0259

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

На 24-ти декември во комфорниот амбиент на единствената Голд Фелициа во Битола се одржа десеттата, јубилејна предновогодишна забава на КС Групација. КС Групацијата во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Агроброд, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент традиционално организира предновогодишни забави на кои се прославуваат достигнувањата и успесите на компаниите од тековната година. Прагот на Новата Година е идеален момент за целосна ретроспектива на значајните настани кои како дел од стратегијата за општествена одговорност оставиле траен белег во корпоративното портфолио на КС Групација. Секоја година на забавата се прогласуваат најдобрите вработени од секоја компанија и им се врачуваат пофалници, плакети и подароци во знак на благодарност за нивната лојалност и посветеност кон работата и Групацијата.

За најдобар вработен за 2024 година од дирекцијата на КС Групација беше прогласен Дејан Војводич кој е пример за вреден и посветен вработен кој со својата професионалност и знаење активно допридонесува за непречено одвивање на деловните процеси во секторот во кој работи.

Награда за најдобар вработен од Евротип спортските обложувалници замина во рацете на Андријана Нечовски од Битола. Второто место за најдобар вработен и припадна на Викторија Мижимакоска од Струга, а третото на Златка Ристевска од Кичево.

Во рамките на компанијата Голд Слот за најдобар вработен за 2024 година беше избран Пецо Трајковски од Прилеп. Второто место беше “адресирано” за Душичка Вишички од Дебар, а третото за Благојче Размовски од Битола.

Компанијата Голд Фелициа за најдобар работник го прогласи Петар Божиновски, а Премиум Сејфти Солушн за свој најдобар работник за годината што изминува ја именува Татјана Николовска.

Најмладата компанија од КС Групацијата 77 Ентертејмент за прв пат додели признание за најлојални изведувачи на Кабаре Шоу кое им припадна на Агим Бафтии, Теодора Ставреска и Бојан Стојков.

Најдобар вработен за 2024 година од GS 77 Security – Внатрешно обезбедување и мониторинг е Павлина Толевски, а од компанијата Агро Брод за најдобар вработен беше избран Сашо Ристевски.

Овогодинешното признание за најголеми поддржувачи на социјалните мрежи и припадна на најголемата групација во Македонија, а тоа е Битолската Групација во чие име плакетата ја прими менаџерката на групацијата Магдалена Ристевска.

Како и секоја година така и оваа беа организирани регионални предновогодишни забави на кои им беа доделени наградите и признанијата на заслужните вработени.

Забавата помина во духот на колегијалноста и со пријатна атмосфера во која смеата, расположението и забавата царуваа до раните утрински часови.

Менаџерскиот тим на КС Групацијата со здравица за нови успеси, здравје и среќа во новата година им посака среќни празници на своите вработени.

“Заедно правиме разлика, заедно креираме иднина”

https://ksgroup.mk/

ПР ОБјава


Можеби ќе ве интересира

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта