28 Декември, 2024
0.0283

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Стопанска банка целосно опреми три територијални противпожарни единици со индивидуална пожарникарска униформа која вклучува: чизми, шлем, ракавици, јакна, кошула и пантолони. Униформата е со врвен квалитет и специјално изработена за борба со шумски пожари, природна непогода од која секоја година страдаат нашите планини.

ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово со вкупно 27 пожарникари веќе ја користат опремата и го изразија своето задоволство на средбата со Управниот одбор на Стопанска банка во Центарот за управување со кризи.

Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, на средбата со присутните пожарникари, претставници од територијалните единици им се заблагодари за нивната пожртвуваност и посветеност кон заштитата на природата и граѓаните од една од најопасните појави - пожарот.

- Донацијата од Банката е израз на нашата длабока благодарност и почит кон сите вас, поттикната од разорните пожари кои ја зафатија земјата во текот на летото, и кои, за жал, се сѐ почести во целиот регион. Соочени со разорната моќ на шумските пожари ја откриваме нашата ранливост како општество и заедница, па затоа, ако веќе сме во можност, помошта за првата линија на отпорот е најмалку што можеме да направиме. Искрено се надеваме дека опремата нема да треба да ја користите често, но во исто време нѐ радува фактот што добивте целосно нова и модерна опрема која ќе ве заштитува и овозможува подобри услови за работа – рече Николетопулос.

Тој изрази благодарност и за Центарот за управување со кризи преку кој се реализираше донацијата бидејќи имаа директен увид за состојбите на теренот и беа во можност да направат проценка кои територијални единици треба да се опфатат со донацијата.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на средбата со менаџментот на Банката и претставниците од ТППЕ во просториите на ЦУК, изрази голема благодарност до пожарникарите за нивниот голем ангажман во справување со огнените стихии, како и до Банката, донатор на опремата за пожарникарите.

Со ваквите реализирани донации, а на линија со кампањата “ДОМА“ која во текот на 2024 година го промовираше 80. јубилеј на Стопанска банка, придонесуваме ДОМА да ни биде подобро, побезбедно и со тоа да градиме иднина на здрави и цврсти темели со Стопанска банка како поддршка и поттик. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта