„УШТЕ ЕДЕН ГЛУПАК КОЈ НЕМА ПОЈМА ШТО ЗНАЧИ ЗАКОН, ДЕМОКРАТИЈА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“: Најчевска со остри критики за најавените реформи
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2024
Остра критика од професорката Мирајана Најчевска по најавата на мнистерот за јавна администрација кој соопшти дека јавната администрација ќе се реформира со носењето на четири нови закони.
Професорката истакнува дека законите се носат за кратко време и од група оформена за три месеци не може да се очекува длабински и суштински промени.
- Еве уште еден глупак кој нема појма што значи закон, демократија, владеење на правото, донесување одлуки врз основа на податоци, меѓутоа однапред знае се што е потребно за да продолжи опстојувањето на нефункционална, неефикасна администрација во која ќе се вработуваат луѓе со сомнително образование ама со несомнени роднински или партиски врски - напиша Најчевска.
Потоа продолжи:
Не бре шутрак, не се менуваат закони врз основа на дадени предлози до некоја работна група која постои 3 месеци.
За да се промени закон (посебно комплексен закон како што е тој за јавната администрација) треба:
1. научна, стручна и експертска анализа на ситуацијата, идентификување на проблемите и можните алтернативни решенија во рамките на човечките и материјалните капацитети.
2. Подготовка на текст кој ќе оди на јавна расправа на која ќе бидат презентирани сите податоци врз основа на кои е направен текстот на предлогот.
3. Прибирање на сознанијата од јавната расправа, нивно сумирање и вклопување во нов текст.
4. Испраќање на текстот на повторна проверка со цел да се утврди дали се опфатени сите забелешки.
Потоа предлогот на закон се доставува до Собранието.