28 Декември, 2024
0.0250

Успешно реализиран уште еден циклус работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

А1 Македонија со огромен успех заокружи уште еден циклус работилници за безбедно користење интернет во кој учествуваа 690 деца од 8 основни училишта. Едукативната програма за деца „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“, е важен чекор во едукацијата на најмалите за безбедно користење на интернетот, помагајќи им да развијат вештини кои ќе ги заштитат во дигиталниот свет.

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“ е програма наменета за четвртоодделенци, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени на возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа да ги заштитат своите лични податоци.

„Навистина сме среќни и задоволни што интересот за оваа едукативна програма расте сè повеќе од година в година. Со брзиот напредок на технологиите, сведоци сме на зголеменото користење на мобилните телефони и на интернетот од страна на децата. Интернетот е корисен извор на информации, едукација и забава, но најмладите не можат да проценат што е соодветно за нив, а што не е. Затоа, седум години во континуитет ги спроведуваме едукативните работилници што опфаќаат теми какви што се заштита на личните податоци, што е сајбер насилство, но и важноста од здраво онлајн однесување“, изјави Елена Димовска, раководителка на Одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Работилниците ќе продолжат и во второто полугодие од учебната 2024/2025 година, а сите што се заинтересирани за предавање, можат да пријават училиште на следната веб-страница https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno во делот „Пријави училиште“.

За „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“

„Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ е дел од ESG проектот на Групацијата Телеком Австрија, со која сите членки на Групацијата се обврзуваат на одржливо работење и вложување во заедницата, првенствено за дигитална писменост на најразлични возрасни групи.

Во рамките на проектот, предавањата од 2018 година досега ги проследиле повеќе од 6000 четвртоодделенци, од 65 училишта и 13 града во земјава.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно“ се достапни на https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

МТЕЛ со супер изненадување по супер повод – нова продажна локација во Сити мол

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Претседателот Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

Како да го намалите влијанието на инфлацијата врз вашиот буџет

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗАОКРУЖИЈА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА СО ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта