22 Ноември, 2024
0.0266

БИЗНИСОТ ВРВИ: Како Мукоски за четири години доби 3,5 милиони евра од ПУИК?

Објавено во: Економија 14 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Еден месец откако Крсто Мукоски излезе од притвор и гласаше за уставните измени фирмата што ја води неговиот брат Бобан од  АДСП доби тендер вреден над 680.000 евра. Од 2015 година до сега ова е четврти тендер од АДСП што го добива фирмата „Атриум“, а нивната вкупна вредност е 3,5 милиони евра

Вевчанската градежно-занатска компанија „Атриум“ четири години по ред добива тендери од акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од знаење за Републиката или АДСП (поранешен ПУИК).

Официјалните податоци покажуваат дека фирмата „Атриум“ (која ја води Бобан Мукосски, брат на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски – човекот што ги отвори вратите на Собранието на 27 април)  од 2015 година до сега добила 3,5 милиони евра за четири тендери од АДСП. Оваа фирма е ДОО (се шпекулира дека косопоственик е и Крсто Мукоски) од Вевчани и од 2015 година до сега добива по еден тендер годишно од АДСП. 

Што сработе „Атриум“ за 3,2 милиони евра?

Во 2015 година „Атриум“ доби тендер за градежни занатски работи за изградба на зграда на АДСП во Кочани (позната како зграда за социјално ранливи семејства). Тендерот „Атриум“ го доби в конкуренција на уште 5 понудувачи. Критериум беше најниска цена, а неговата понуда беше најевтина и доби договор вреден 1,035 милиони евра. Рокот за завршување на работите беше 2 години.

Следната, 2016 година „Атриум“ повторно е партнер на АДСП. Овој пат предмет на бизнис е тековно и инвестициско одржување на објектите на државното претпријатие и тоа во подружниците во Скопје, Куманово, Тетово и Велес. Имало 4 понудувачи, а добил „Атриум“ за 405.000 евра, договорот е со времетраење од една година. Оваа година „Атриум“ од Цветко Грозданов добива уште три договори со вкупна вредност од околу 270.000 евра од кои два се за тековно-инвестициско одржување и еден е за непредвидени работи на објектот во Кочани.

Третата и најголема зделка е лани. Станува збор за градежни работи за изградба на објект на АДСП во Струмица. „Атриум“ добива во конкуренција со уште еден понудувач и тоа за вредност од 1,044 милиони евра. За сето време додека „Атриум“ ги добива овие три договори директор во АДСП е Цветко Грозданов, близок пријател на пратеникот Крсто Мукоски.

И годинава, поточно вчера, нов договор за „Атриум“. Еден месец откако Крсто Мукоски излезе од притвор и гласаше за уставните промени во македонското собрание. Истиот човек кој на 27 април лани ги отвори вратите за да влезе „рајата“ и да го запре изборот на нова влада макар и крваво.

М-р Кристијан Трајковски, актуелниот директор на АДСП, поставен од НСДП, кој блесна со изјавата пред еден месец дека ќе се гради 60 катница спроти „Холидеј Ин“, сега склучи договор со „Атриум“. Вевчанската компанија доби договор вреден 684.200 евра. Предмет на договорот е тековно-инвестициски одржување на објекти во подружниците на АДСП во: Скопје, Битола, Велес, Куманово, Кавадарци, Кочани, Штип, Тетово, Кичево, Охрид, Струга и Прилеп. Од 4 понудувачи „Атриум“ бил најдобар со цена.

 Колку бизниси од државен буџет добил Мукоски?

Освен овие 3,5 милиони евра во 7 тендери од АДСП, „Атриум“ според јавната база податоци достапна на time.mk добил 29 договори од државни институции и органи. Тие се достапни на следниот линк  а нивната вкупна вредност е 1,15 милиони евра. Што значи дека според официјалните податоци фирмата „Атриум“ за 5 години добил тендери вредни 5 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат