22 Ноември, 2024
0.0276

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Железничкиот превоз во Македонија се покажа како најголем губитник во последниве години. Превозот на стока со нашите возови не е само преполовен, туку и скоро и да го нема. Бројките кои ги објави Државниот завод за статистика во нивната последна анализа покажуваат дека со вагоните, наместо раст имаме се помалку превезена стока, при што минатата година е една од најлошите во изминативе дваесет години.

Имено во далечната 2000 година со железницата биле превезени 3.231.000 тони стока. Веќе во 2003 количините се намалиле на 2.390.000 тони. Потоа следувале и години на раст на превозот на стоки по домашните пруги, но од 2009 година наваму се забележува постојано намалување на превезените количини на стока.

Во текот на минатата година биле превезени само 817.000 тони стока, што е тројно помалку.

Што се однесува пак до другите типови на превоз на стока, како што се воздухопловниот и патниот, таму се забележуваат сосема поразлични тенденции.

Имено и кај воздухопловниот и кај патниот превоз има раст на превезените количини стока. Имено во авионскиот превоз количините скоро се дуплирале во споредба со периодот пред дваесет години. Така на пример во 2003 година со авионите биле пренесени 1.802 тони стока, додека во 2023 биле превезени 2.540 тони. Една од најуспешните години во превозот на стока била 2014 година кога биле пренесени 3.428 тони.

Слична е и состојбата со патниот превоз, каде превезените количини се зголемиле двојно повеќе. Од некогашните 22.751.000 тони во 2003 година, лани биле превезени дури 68.108.000 тони. Претходната, или 2022 година била една од поуспешните години за патниот превоз кога била пренесена стока во 74.639.000 тони. 

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени