18 Декември, 2025
0.0327

BlackBerry се враќа со силен чекор

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2014 07:56

Добивај вести на Viber

Откако минатата недела канадскиот производител на смартфони BlackBerry го пушти на пазарот својот нов паметен телефон со нови дизајн под името Passport, првите денови на продажба укажуваат дека компанијата најверојатно конечно ја нашла така долго посакуваната алатка за излез од кризата. Само во рок од шест часа по претставувањето на уредот, количините пуштени на корпоративниот сајт, биле распродадени. На сајтот за онлајн трговија Amazon новиот модел бил распродаден во рок од десет часа. Засега клиентите можат само да прават прелиминарни запишувања за уредот. За една недела компанијата остварила цели 200 000 продажби (прелиминарни запишувања), се пофали и главниот извршен директор на концернот Џон Чен. BlackBerry Passport е со нестандарден, речиси квадратен дизајн кој може да привлече сериозна публика, бидејќи тврди дека е најзгоедн уред. Освен тоа, со него компанијата се враќа на своите корени и она што го прави најдобро - хардверски QWERTY тастатури, оценуваат познавачите. Според аналитичарите продадените засега 200 илјади примероци од моделот се сериозен успех, со оглед дека станува збор за компанија која се бори за опстанок, а од друга страна, Passport се продава за околу 600 долари. Ако во рок од една година компанијата продаде 10 милиони примероци од новиот уред, таа ќе оставари профит, пресметува Чен. Толкав број успеа да продаде Apple во првиот викенд по лансирањето на продажбата на iPhone 6 и iPhone 6 Plus. Новиот корпоративен курс кон корените веќе се наградува. Од инаугурацијата на новиот шеф на BlackBerry Џон Чен во ноември 2013 година цената на акциите се зголеми за цели 60 проценти. Не може да станува споредба сепак со некогашните големи амбиции: денес цената е речиси 10 долари по акција, додека во 2008 година, неколку месеци откако Apple го претстави својот iPhone, беше речиси 150 долари. Враќањето на овие нивоа во моментов изгледа апсолутно нереално. К.К

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?