Благ пораст на акциите на европските берзи
Објавено во: Економија 30 Јули, 2013 18:53
Откако инвеститорите ги израдуваа со добри вести од компаниите на европските берзи цените на акциите благо пораснаа. Меѓутоа нивниот раст беше ограничен со падот на цената на акциите на банките, откако Barclays најави издавање на правото за купување на акции во износ од 5,8 милијарди фунти.
Лондонски FTSE беше во плус 0,23 отсто, на 6.575 поени, франкфуртски DAX 0,28 отсто, на 8.282 поени, а париски CAC порасна за 0,43 отсто, на 3.986 поени. Цената на акцијата на Barclays падна за 7,2 отсто откако банката извести за полоши од очекуваните полугодишни деловни резултати и за поголемото од очекувано издавање на права за купување на акции, со дисконт од 44 отсто до актуелната цена. - Со оглед на прилично големиот попуст на заклучената цена, очигледно дека сакат да намамат инвеститори, - вели Ричард Хантер од компанијата Hargreaves Lansdown Stockbrokers. Загриженоста во врска со билансот ја погоди и акцијата на Deutsche Bank, чија цена падна за 4,1 отсто, откако вети дека ќе го намали ризичниот имот и извести за полоша од очекуваната тромесечна добивка. Нафтената компанија BP исто така не ја оствари очекуваната тромесечна заработувачка, што ја спушти цената на нејзината акција за 5,1 отсто. Позитивен тон на берзата дадоа француската комунална групација EDF, британската комерцијална телевизија ITV и инженерската компанија Weir Group, чија акција поскапе измеѓу 3,8 и 6,9 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




