Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023 17:05
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од Државната комисија за спречување на корупција е казнет со 150 евра затоа што не пријавил за време на неговиот мандат дека во болницата во Штип се вработиле неговата сопруга и нејзината сестра.
Бочварски, како што велат денеска од ДКСК, веќе ги платил 150-те евра. Претходно опозицијата тврдеше дека двете сестри се вработени без јавен пглас. Тие биле превземени од приватна болница со работен стаж од само три месеци.
Иако штотуку биле дипломирани, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство експресно се согласиле за нивното вработување во штипската болница.
- --Билесе искористени слабостите за брзо вработување, а по само два месеци била донесена владина одлука и здравствените институции добиле наредба дека може да се превземе кадар само ако два месеци по ред нема кандидати на огласот, рече денеска Катица Николовска од „Антикорупциска“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




