19 Декември, 2025
0.1554

„Благој Ѓорев“ со добивка од 2,6 милиони денари во првите три месеци од годинава

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2014 11:23

Добивај вести на Viber

Компанијата за преработка на маслодајни семиња “Благој Ѓорев” АД од Велес, во првиот квартал од оваа година оствари солидни финансиски резултати, во согласност и со очекувањата на акционерите.  Билансот на успех на компанијата, објавен на Македонската берза покажува дека фабриката Благој Ѓорев остварила нето добивка во висина од 2,6 милиони денари во периодот од први јануари до 31 март. Оваа компанија која минатата година го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден, во овој период остварила вкупни приходи од продажба во висина од 127,3 милиони денари, од кои најмногу на  домашниот пазар - 118,3 милиони денари, а остатокот на странските пазари. Во изминатиот период компанијата ги интензивираше напорите за пласман на производите на странски пазари, па така склучи договор за соработка и со  деловните партнери во Црна Гора и отсега производите од своето портфолио ќе ги пласира и на овој пазар, а поради зголемената побарувачка и добрата прифатеност од страна на потрошувачите, Благој Ѓорев ќе реализира и поголем извоз на своите производи од досегашниот во Албанија. Покрај овие два странски пазари, оваа македонска компанија веќе трета година по ред извезува поголем асортиман од своите производи во Косово, а од пред две години и во Босна и Херцеговина. На странските пазари се пласираат добропознатото масло за јадење Кристал, повеќе видови на маргарини, како и други производи од широкиот асортиман на оваа македонска компанија.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка